Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Младинскиот форум на UNCTAD во 2018 година ќе содржи првенствено теми кои се однесуваат на зајакнувањето на младите во претприемништвото, со фокус на инвестирањето во дигитална младина, младите на преговарачката маса, што е на ум на милениумите и како младите можат да размислуваат глобално и да делуваат локално. Младинскиот форум 2018 година ќе се одржи во седиштето на UNCTAD, во Палатата на нации, Женева, Швајцарија, како дел од Светскиот инвестициски форум на  2018 година, од 22 до 26 октомври 2018 година.

Форумот ќе присуствуваат околу 200 млади од целиот свет, на возраст меѓу 18 и 30 години, и страсни за прашањата поврзани со трговијата и развојот, за да учат и разменуваат искуства, идеи и најдобри практики фокусирани на локално и глобално ниво и да јапрезентираат перспективата на младите во општата дебата во текот на целата недела.Истовремено да се приклучат на работилници, пленарни сесии во стил ТЕД, сесии и настани за мрежно поврзување. Учесниците на Младинскиот форум на  UNCTAD ќе можат да присуствуваат на јавните седници на Светскиот инвестиционен форум. Дополнителни информации за социјалните активности и логистиката ќе бидат достапни во подоцнежна фаза (од повикот).

Младинскиот форум на UNCTAD 2018 нуди можност за младите:

-размена на ставови и искуства и зајакнување на мрежа на идните лидери од различни места во светот;

-интерактивен дијалог со глобалните учесници вклучени во постигнувањето на целите за одржлив развој каде што младите можат да ја подигнат свеста за прашањата што ги сметаат за голема загриженост и дека тие сакаат да бидат вклучени во меѓународната агенда;

-да научат повеќе за работата и проектите на  UNCTAD со млади и да дискутираат како да се вклучат во активностите понатаму.

Право на учество:

Отворени за студенти или млади професионалци ширум светот.

Учесниците на Форумот ќе бидат претходно избрани врз основа на следниве критериуми:

-Да бидат на возраст помеѓу 18 и 30 години

-Можност да зборуваат и разбираат англиски јазик

-Има важечки пасош (за кандидати надвор од Швајцарија)

-Да бидат заинтересирани за прашањата поврзани со трговијата и развојот

-Да имаат искуство (од нивните студии или работа) во областите на работата / фокусот на UNCTAD.

-Докази за проекти поврзани со трговија и развој (академски и професионални) ќе се сметаат за дополнително искуство во оваа област.