Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Atomico европска инвестициска компанија која инвестира во технолошки стартапи во соработка со Slush, ги објави бројките за инвестициите во стартапите низ Европа.

Dream.Build.Play 2017 претставува предизвик за  креаторите на игри да ја зголемат својата креативност и да создадат искуства, кои ќе ги заинтересираат гејмерите од целиот свет.

Компанијата Josef Umdasch Group е во потрага за стартапи кои ќе развијат иновативни идеи. Како една меѓународна компанија, Umdasch Group секогаш е во потрага по нови таленти и иновативни идеи.

 

Истанбул е еден магичен мост кој ги обединува Истокот и Западот од дамнешни времиња. Без сомнение, Истанбул е едно од најубавите места на светот. Технолошки компании, директори, стартап компании и инвеститори се здружуваат заедно во овој прекрасен град по повод Startup Instanbul. Топ 100 стартап компании се сретнуваат со светска класа ментори, инвеститори, компании и медиуми во рок  од 4 дена. Оваа година настанот се одржа од 20 до 23 Октомври 2017, а 500 стартап компании, 500 инвеститори и 4000 гости дојдоа во Истанбул да се приклучат на настанот.

Текстот го преработи Срна Димовска и Александар Ѓуровиќ

Германската железничка компанија Deutsche Bahn воведе автоматски автобус да превезува патници со помош на пред-програмиран пат во Баварија. Во случај на вонредна состојба, возачот може да ја преземе контролата со помош на џојстик. Електричното возило ги возеше првите патници во Bad Birnach, Баварија, започнувајќи го својот пат од осум минути од топлите извори на градот преку  централното подрачје па се до  железничката станица. Автобусот EZ10 има шест места за седење и може да земе уште шест патници за стоење, а возењето е бесплатно.