Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

За Нас

И-лаб.мк е Центар за иновации во рамките на Knowledge Centеr, воспоставен во 2015 година под покровителство на Централната Европска Иницијатива и КЕП Австрија 2014.

Г-ѓа Пелева Стојковска е дипломиран економист на департманот за е-бизнис, при Економскиот факултет на Универзитетот Св.Кирил и Методиј- Скопје, 2011 година. Во изминатите неколку години има стекнато искуство во разни области. Програмата за практикантска работа во Нолеџ Центар и помогна да се стекне со знаење од областа на истражување, анализирање, и корисна употреба на социјалните медиуми,  додека преку  работата во компанијата Фреш таа разви корисни вештини за онлајн маркетинг и рекламирање, и одржување на веб страни.

Kако дел од Центарот за Извонредност, креиран од страна на PPP4Broadband проектот, Г-ѓа Стојковска се здоби со ново знаење во делот на Јавно-Приватно Партнерство, како и со финансиски, аналитички, и вештини кои вклучуваат Excel моделирање. Со самото работење на проектот таа го збогати своето знаење во однос на изработка на физибилити студии, администрирање, организација и управување со проекти.

.

.


1988-1994 Магистер за политички науки - Универзитет во Виена.

1998-2005 Магистерски студии – Технички Универзитет во Кајзерслаутен

Членство во Професионални тела/функции

  • Европска Бизнис Мрежа – ЕБН (консултант за сертифицирање на бизнис инкубатори)
  • Член на кластерот AC Styria; Woodcluster
  • Раководител на експертската група за трансфер на иновации и технологии од Стопанските Комори/ Styria

Други Вештини:

  • Проект Менаџер (IPMA сертификат, контрола на повеќе проекти)
  • Програма за Помлади Менаџери (Летна школа - IDEC Блед)
  • Тренинг за проекти
  • Серифициран водич за подобрување на иновации
  • Акредитиран EU-BIC експерт: Евалуатор на бизнис паркови
  • Акредитиран експерт за иновации на Wirtschaftskammer Österreich (Стопански Комори)


Г-ѓа Богдановска е МБА постдипломец од Универзитетот Sheffield и докторант во областа на стратешкиот менаџмент – управување со знаење. Г-ѓа Богдановска има повеќе од 5 години работно искуство во раководење и администрирање на проекти од меѓународни донатори, 3 години искуство како универзитетски предавач и 3 години искуство во бизнис истражувања, анализи и консултантски услуги.

Нејзините програми успешно опфатија обука на 30 пратеници од Собранието на Р.М и повеќе од 200 партиски членови. Повеќе од 300 студенти успешно ги посетија нејзините предавања по менаџмент и маркетинг, додека повеќе од 500 жени од невладиниот сектор учествуваа на нејзините обуки. При работата како продукт менаџер за Т-Home и Т-mobile, интернет пенетрацијата во Македонија се зголеми за три пати и се воведоа првите 3Г-картички на македонскиот пазар.

Г-ѓа Богдановска е PMP сертифициран Проект Менаџер.

.

.

.