Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

И-Лаб 

И-лаб.мк е Центар за иновации во рамките на CKM, воспоставен во 2015 година.

ОБУКИ ЗА ИНОВАЦИИ – РАБОТИЛНИЦИ  И СЕМИНАРИ

Oбуки, семинари, работилници и bootcamps.

Семинарите и работилниците за иновации се совршен начин за поттикнување на брз  напредок во иновациските практики, процеси, ставови, и средини во организациите. 

Тие се забавни, динамични, и вклучуваат искуства кои водат кон непосредни и значајни подобрувања и придобивки во иновациските резултати на организацијата.

ПОДДРШКА НА ИНОВАЦИИ И РЕВИЗИЈА НА ПРОЦЕСОТ ЗА ИНОВАЦИИ

Откријте ги предностите и слабостите на вашите иновациски процеси. Обезбедуваме совет и поддршка во управувањето со иновации за старт-ап, spin-off, МСП и други организации во:

  • Разбирање на принципите за иновации;
  • Управување со иновативната култура;
  • Подобрување и добивање непосредни и долгорочните резултати; и
  • Мерење на ефективноста на иновациите. 

Старт-ап Каталист

Со Старт-ап каталист им помагаме на старт-ап, spin-off, МСП и другите организации во комерцијализацијата на нивните идеи и зајакнување на нивните бизниси преку:

  • Водство, поддршка и совет;
  • Пристап до финансии; и
  • Обезбедување на други потребни ресурси.