Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

На 16.11.2015-та година, компанијата Knowledge Center и Европскиот Универзитет потпишаа Меморандум за соработка.

Со потпишувањето на овој Меморандум за соработка беа дефинирани и насоките за идна соработка помеѓу двете страни со цел да се обезбеди развој и унапредување на партнерските односи помеѓу двете институции.

Интересот на двете страни се состои од реализација на заеднички проекти од областа на истражувањето, управување со проекти, управување со знаење, промени и организациски развој како и организирање на заеднички активности, како што се семинари, конференции, работилници и слично.