Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

На ден 9 ноември 2015-та година, Knowledge Center и ИЕГЕ – Институтот за истражување во животната средина градежништвото и енергетиката потпишаа Меморандум за соработка.

На средбата, која се оддржа во просториите на ИЕГЕ, присуствуваше г-ѓа Андријана Богдановска, директор на компанијата Knowledge Center, и г-ѓа Ангелина Танева- Вешоска, раководител на сектор за образование.

Покрај потпишувањето на Меморандумот за соработка на средбата беа дефинирани и активностите за заедничка соработка, се со цел да се обезбеди развој и унапредување на партнерските односи помеѓу двете институции, кои се обврзуваат да делуваат за остварување на заедничките цели.

Проектот AIM@Innovations е поддржан од Централната Европска Иницијатива (CEI) преку повикот на КЕП Австрија 2014 и Австриската Агенција за Соработка. Главната цел на проектот е да овозможи трансфер на знаење и да ги зајакне националните капацитети за обезбедување обуки и консултации од областа на Управување со Иновации за Мали и среди компании, како и за Старт-ап и Спин-оф организации во Република Македонија.

За време на средбата, двете присутни страни ги проширија и разгледаа натамошите идеи во насока на развој и соработка помеѓу организациите за исполнување на активностите кои се дел од проектот Aim@Innovations, но и во делот на животната средина и екологијата.