Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

На 17-ми февруари, 2015 година, во Хотел Дрим во Струга се оддржа завршниот настан од проектот ТАА МОЖЕ каде беа доделени сертификати на учесниците за успешно завршена обука за претприемништво. 

За исполнување на целите на проектот, Knowledge Center, во соработка со Центарот за Развој на Југозападниот Плански Регион, организираше три сета на петдневни обуки во три микро региони во Македонија, Струга, Кичево и Дебар, за групи составени од по 20 учеснички.

На обуките присутните имаа можност да се запознаат со техниките за изградба на претприемачко однесување и вештини, бизнис алатки за планирање и подготовка на бизнис и маркетинг план, како и методи и техники за да управување со деловното работење и планирање на инвестициите и финансиите.

ТАА МОЖЕ е проект поддржан од Центарот за Развој на Југозападниот Плански Регион.ТАА МОЖЕ има за цел да ги поддржи и охрабри жените со иновативни идеи за отпочнување на сопствен бизнис како и невработените жени од Југозападниот регион.