Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

На 29-ти октомври, во Дом на АРМ – Струмица се оддржа настан за доделување на награди на кандидатите за најуспешни бизнис планови во рамките на проектот „Поддршка на старт ап  бизниси за млади“.

Проектот  се заокружи со доделување на 8 награди од по три илјади евра во денарска противвредност на најуспешните бизнис планови кои беа изработени од страна на:


1. Иван Мастев

2. Елизабета Митева

3. Васка Јовановска

4. Коста Јованов

5. Борис Едровски 

6. Кирил Иванов

7. Данче Енимитева

8. Томислав Николов



Покрај наградите, на сите останати кандидати кои ги посетија обуките им беа доделени сертификати за посетена обука кои ќе им помогнат во нивните натамошни професионални ангажмани. 



На настанот излагања имаа Г-дин Тони Милушев, Раководител на одделението за ЛЕР во општина Струмица, Г-ѓа Андријана Богдановска Ѓуровиќ, Директор на Knowledge Center и Г-дин Зоран Заев, Градоначалник на општина Струмица.