Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

На 29.12.2016 година, Knowledge Center и Центарот за Развој на Југоисточниот Плански Регион потпишаа договор за организирање на Буткамп за Иновации за млади луѓе на територија на Југоисточниот Плански Регион. 

Како дел од кампот ќе бидат вклучени активности како што се обуки од сферата на бизнис, претприемништво, иновации, маркетинг и менаџмент; но и обуки за изработка на професионална биографија; life-skills; организирање дополнителни спортски активности (јога, фитнес, аеробик).

Учесниците на Иновацискиот бут камп ќе бидат сместени во соодветен угостителски објект на база 5 дена/4 ноќи, каде ќе се одржат сите активности. Со цел успешно да се спроведе кампот, покрај обучувачите од Центарот, на кампот ќе учестуваат и успешни претприемачи од регионот.

Во проектот ќе бидат вклучени вкупно десет општини кои го сочинуваат југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица.

Наскоро ќе биде објавена и апликационата форма преку која сите заинтересирани млади (18-29) ќе може да се пријават.