Печати

Се бараат: 15 Победници кои вистински можат да го променат Jугоисточниот регион!

Камп на млади иноватори и претприемачи !

Март 1 - 5, 2017

 Дојран, Македонија

 

Сакаш да учествуваш?! 

Аплицирај овде.

Да се соочиме со реалноста. Светот се менува!

Можеби кога сте биле помали ве учеле дека ако учите многу, влезете во добри училишта, и имате добри оценки ќе добиете добра работа од која ќе направите и добра кариера. 

За жал нештата не секогаш функционираат така.

Овие денови, ваквиот пат најчесто води до несигурна работа, и професионална загуба.

Но не мора да биде така. И покрај целиот неред низ светот...чувството дека има постојано војни, корупција и долгови...ние живееме во најинтересното време од нашата историја.

Технологијата го менува начинот на кои се организираме во општеството како и начинот на кои се вклучуваме во економијата.

Денеска, границите, универзитетските дипломи, и традиционалната кариера не секогаш се важни. И тоа е добро. Насекаде има ислучителни можности за луѓе кои имаат храброст и вештини за да ги искористат.

Се бараат: 15 Победници кои вистински можат да го променат Jугоисточниот регион! 

Бараме енергија, посветеност и желба. Сакаме да им бидеме ментори на студенти кои имаат во себе се што треба за да создадат и направат извонредни нешта.

Ние го правиме тоа што го зборуваме и сакаме да те обучиме  лесно да го започнеш твојот нов проект, бизнис или кариера.

Научи ги критичните вештини за да создадеш вредност во свет полн со можности! 

Не секогаш е важно што работиш, од каде доаѓаш .. твојот успех во животот зависи од вредноста која ја создаваш.

Тоа е целта на нашиот камп.

За 5  дена ќе научиш повеќе за бизнисот од било кој друг образовен програм. Ќе учиш од добри ментори и успешни претприемачи (ќе научиш и од нивните неуспеси исто така).

Ќе добиеш добар совет и мислење како да го развиеш својот бизнис, маркетинг, продажба, пронаоѓање и зборување со инвеститори и многу повеќе.

Ќе создадеш мрежи и пријателства со други талентирани, млади луѓе како тебе.

Но најмногу од се – ќе биде забавно, интересно и корисно! 

Дали си нашиот победник?

Аплицирај овде...

Типичен ден во кампот...

На овие работилници, внимателно одбрана група од 15 млади луѓе ќе биде водена од група на успешни претприемачи и инвеститори.

Секое утро ќе започне со можност за јога сесија, проследена со доручек, и претпладневни сесии со секој од менторите (генерирање идеи, бизнис планови, маркетинг, финансии, животни вештини...).

Ќе направиме пауза за ручек, и после ќе имаме уште една сесија со менторите. Во попладнето ќе има можност за групна фитнес сесија.

Навечер ќе се дружиме за време на вечерата преку мини забави со цел да овозможиме подобро да се запознаете помеѓу себе, со гостите и менторите.

Сите трошоци за кампот се покриени од страна на организаторот. Се што треба да направите е да се пријавите.

Сведоштва од други слични настани кои сме ги организирале...

Кампот за млади иноватори и претприемачи е во организација на

Центар за развој на Југоисточен плански регион.