Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Како дел од серијата на сведоштва за успешната работа на тимот на Knowledge Center со старт-ап компании ви ги претставуваме поединечно секој од 8-те најуспешни кандидати од Струмица Старт-ап 2016-та, обуката за млади претприемачи. Денеска тоа е Борис Едровски. 

Борис Едровски е еден од 8-те наjуспешни учесници кои беа наградени со грант како дел од проектот “Струмица Старт-ап”.

Преку обуките кои беа организирани од страна на Knowledge Center беа селектирани 8 најуспешни бизнис планови кои добија финансиска поддршка. Денес Борис својата бизнис идеја ја комплетира со основање на компанија.

“Обуката од Knowledge Center заедно со финансиската поддршка од општина Струмица во рамките на проектот „Поддршка на СТАРТ АП бизниси за млади“ ја добив во вистинско време. Истите ми овозможија да инвестирам и да основам компанија чиј таргет пазар е Струмица, но и поширокиот Јогоисточен регион “ – вели Борис.  Станува збор за „INNO“, дизајн и маркетинг компанија, иноватор и креативец,  виртуелна личност која е спремна успешно да одговори на потребите на компаниите во Струмица. Како што раскажува Борис, “INNO визуелно ќе ги ребрендира постоечките и ќе ги брендира новоотворените компании, односно ќе креира визуелен идентитет со кој компаниите ќе се претставуваат пред своите купувачи. INNO веќе ги истражува компаниите, ги согледува недостатоците, создава нови идеи и истите ќе ги понуди до таргет компаниите.”  

INNO ќе овозможи комплетни маркетинг и дизајн понуди до сите компании, без разлика на нивната дејност или обем. Канцеларијата се наоѓа во Струмица, каде има комплетно опремено студио спремно за работа, а веќе се комплетира и тимот од графички дизајнер, ПР менаџер и веб девелопери кои ќе работат на креирање на INNO понудите. Во тек е изработка на веб страна, а во меѓувреме може да го погледнете портфолиото на Борис.