Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Коста Јованов е уште еден во низата најуспешни наградени кандидати со најдобар бизнис план како дел од проектот “Поддршка на старт-ап бизниси за млади” – Струмица Старт-ап 2016.

“Пред само неколку години "Студио 38" беше само идеја, замисла, желба. Веднаш по објавувањето на конкурсот од страна на Општина Струмица - "Поддршка на старт ап бизниси за млади", се пријавив и бев сигурен во себе, во својата идеја и намера, во тоа дека ќе успеам.”- вели Коста. Идејата на Коста за отварање на Струдио 38 произлегува од неговата љубов кон фотографијата која заедно со знаењето во областа на бизнис и претприемништво кое го доби преку обуките од Knowledge Center му помогнаа да ја оствари својата желба. 

“За да биде човек успешен, мора да биде спремен да се соочи со ризици и мора да знае како да го води сопствениот бизнис. Можноста која ја добив, да се едуцирам во тој правец и сам да го изготвам својот бизнис план, истиот да го презентирам и да биде прогласен како еден од најуспешните за мене е од огромна важност и не планирам да застанам тука.” -  раскажува Коста. 

“Студио 38” започна со работа во почетокот на 2017-та година и на сите свои клиенти им нуди услуги како маркетинг услуги за мали, средни и големи компании, семејни веселби, графички дизајн, настани и фотосесии. “Студио 38” се наоѓа во Струмица, а повеќе за истото може да погледнете на нивната страна.