Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Продолжуваме со претставување на најдобрите 8 кандидати кои добија финансиска помош преку проектот за “Поддршка на стартап бизниси за млади” – Струмица старт-ап 2016. Денес тоа е Иван Мастев. 

Моно Концепт е старт ап компанија специјализирана за дизајн, развој и производство на модуларен мебел за деца.  “Нашата мисија е да создаваме нови вредности преку интерактивни модуларни производи за домот. Ние сакаме секој корисник на MONO мебелот да се чувствува  удобно, разиграно, и многу COOL.”- вели Иван. Преку Моно Концептот идејата е да се развива динамичен детски мебел со фокус на скандинавските ентериери за бебиња и деца. 

  

“Како резултат на обзервација и анализа на бизнисот со мебел, уште при првиот “brainstorming” заклучивме дека постои недоволна понуда и застапеност на квалитетен и мултифункциоинален мебел за деца. Тоа беше основа за нас да започнеме да работиме на полето на креирање и развивање идеја за мултифункционални парчиња модуларен мебел.” – раскажува Иван. 

  

Сите MONO производи се дизајнирани да се создаде безбедна и стимулативна средина која се приспособува, расте и се трансформира исполнувајки ги тековните развојни потреби на децата. Визијата на MONO е до 2020 да го запознаат светот со нова смарт култура која секој може да ја има во својот дом.