Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Од денес, 1-ви март па се до 5-ти март во Дојран ќе се оддржи Кампот за млади иноватори и претприемачи кој е во организација на Knowledge Center и Центарот за развој на Југоисточен плански регион.

Главна цел на кампот е да ги научи младите луѓе од овој регион како да создадат вредности, како да развијат свој сопствен бизнис и како да ги зајакнат своите капацитети за иновации и претприемништво.  

Од големиот број на апликации кои ги добивме, ви ги претставуваме 15 кандидати кои беа селектирани да учествуваат на Кампот:

  1. Благојчо Паунков 
  2. Борче Јованов 
  3. Ѓургица Темелкова 
  4. Дафинка Дочинска 
  5. Димитар Манчев 
  6. Емилија Манасијева 
  7. Ива Ѓуркова 
  8. Ирена Сечкова
  9. Јане Јанев
  10. Јане Тенев
  11. Љупчо Богоев 
  12. Надежда Ќосева 
  13. Ристо Диманчев
  14. Дионис Марков 
  15. Елена Попова

Активностите на Кампот ќе бидат од сферата на бизнис, претприемништво, иновации, маркетинг и менаџмент; но и обуки за изработка на професионална биографија; life-skills; како и организирање дополнителни спортски активности (јога, фитнес, аеробик). Покрај обучувачите од Knowledge Center, на кампот ќе присуствуваатна и Катерина Ангеловска, Тренер за личен развој, Верица Јорданова, Иновативност.мк,  Петар Лазаров, Мама’с, и Зоран Витанов, Lyoness.