Успешно заврши првиот Камп за млади иноватори и претприемачи, организиран од Бизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги на МСП формиран во рамките на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Knowledge Center.
Кампот за млади иноватори и претприемачи се оддржа од 1-ви до 5-ти март, 2017 година, во Дојран, и на него учествуваа 15 млади луѓе на возраст до 29 години кои живеат во некоја од 10-те општини кои го сочинуваат Југоисточниот плански регион.
Сите учесници на кампот имаа можност да го збогатат своето знаење и да ги зајакнат своите вештини преку предавањата и вежбите кои ги имаа на различни теми во овие пет ден, вклучувајќи креативност, претприемништво, иновации, маркетинг, менаџмент и финансии.
Покрај менторите од Knowledge Center, на кампот учествуваа експерти од повеќе области кои го споделија своето искуство со учесниците на кампот: Катерина Ангеловска - Тренер за личен развој, Верица Јорданова - Иновативност.мк, Петар Лазаров - МАМА’С, и Зоран Витанов – Lyoness Македонија.
Главна цел на кампот беше да се овозможи креативно патување со цел младите луѓе да разработат добри бизнис идеи кои би биле основа за развој на сопствен бизнис.