Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Следна во низата најуспешни како дел од проектот “Поддршка на старт-ап бизниси за млади” – Струмица старт-ап 2016 е Васка Јовановска. Денес е совршен ден да Ви ја презентираме нејзината успешна приказна.

Идејата за студио “Евита” која беше одлично преточена во бизнис план со помош на обуките и знаењето кое беше пренесено од страна на Knowledge Center е при крај со реализација и кон крајот на месецот ќе започне со работа. “Евита” е студио за мануелна физикална терапија и медицински масажи кое ќе биде опремено по светски стандарди. Како што кажува Васка, “студиото е веќе опремено со основните неопходни елементи за врвна медицинска мануелна физикална терапија и тоа: Биоптрон ламба, која со помош на светлината длабоко ги храни коските и ги засилува мускулните влакна и им дава еластична подвижност, медицински топки за горен и долен екстремитет, ластици за горен и долен екстремитет, рачни тегови – со чија помош ќе се помогне за постигање на правилен изглед на ‘рбетниот столб, подобрување на атрофираната мускулатура на горен или долен екстремитет. ” 

                                                 

Покрај одличната опрема, студио “Евита” на сите заинтересирани ќе им понуди и медицинска масажа која ја подобрува циркулацијата на крвта и лимфата во организмот, ги отпушта приклештените нерви на ‘рбетниот столб, ја намалува напнатоста и го подобрува имунитетот, а уште повеќе ја зголемува енергијата кај човекот.