Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

На 25-ти мај 2017 година, Центарот за Управување со Знаење потпиша Меморандум за разбирање со GENSBOX во Тијанџин, Кина. 

Потпишаниот Меморандум за разбирање е насочен кон комплементарна и win-win соработка помеѓу организациите за унапредување на меѓународната соработка и трансферот на технологија и иновации. ЦКМ и GENSBOX ќе работат заедно кон подобрување и размена на технологијата и иновациите помеѓу кинеските и македонските иновативни компании, истражувачки институции, иновативни проекти и МСП.

GENSBOX е организација од Тијанџин, Кина, која е присутна во повеќе од 10 универзитети во градот, со цел да помогне на младите луѓе кои се насочени кон иновации и претприемништво, нудејќи им работен простор, менторство, финансиски, DIY работилници и други услуги.