Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

На 27-ми јуни, 2017 година, Knowledge Center потпиша Меморандум за соработка со Асоцијацијата на Менаџери на Македонија.  

Состанокот се оддржа во просториите на Knowledge Center каде Меморандумот за соработка беше потпишан од страна на д-р. Андријана Богдановска Ѓуровиќ, директор на  Knowledge Center и м-р Маја Ристова, претседател на Асоцијацијата на Менаџери на Македонија. 

Целта на овој меморандум е зајакнување на деловната соработка на неколку актуелни полиња, а особено промовирање на можностите за финансирање од страна на ЕУ во рамките на областите во кои работат двете организации.