Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Во периодот од 21/06/2018 до 24/06/2018, на Универзитетот во Хонг Конг се одржа меѓународен СТЕМ Симпозиум за средношколци на тема Паметни Градови. 

Паметен град е урбана област која користи различни видови на технологија за ефикасно управување со средствата и ресурсите.

Победнички тим со Студентските амбасадори на Универзитетот Хонг Конг

Како претставник на Меѓународното Училиште Нова, учествуваше и нашиот практикант Александар Ѓуровиќ.  

Александар со помошта на неговата група ја создадоа собата RSquared - прототип во виртуелна средина која што цели да го зголеми личниот простор,на сметка на општиот простор на живеење. Целта на ова решение е да овозможи поквалитетен живот за луѓето од пониските слоеви во високо урбанизирани области како што е Хонг Конг, вклучително и бездомниците. 

Како прво наградена креација, Александар доби 3,500 ХК Долари, и практиканство за Microsoft Limited Хонг Конг. 

На фотографијата е тимот заедно со три студент-амбасадори од Универзитетот Хонг Конг.

Честитки!