Во периодот од 22ри до 24ти јануари 2019 година во Скопје, се одржа тридневна работилница на тема “Претприемништво и информатички технологии” во организација на Центарот за управување со знаење.
Работилницата е во рамки на проектот “i3 – идеи, пронајдоци и иновации”, а кои е финансиран од Европската унија, преку Интеррег балканско – медитеранската област 2014-2020. На настанот земаа учество над 50 учесници, од пет различни земји – Македонија, Грција, Кипар, Албанија и Бугарија.
За време на тридневниот настан, се работеа теми како што се – бизнисот и општеството, од идеја до бизнис, софтвер, хардвер, вештачка интелигенција, спроведување на информатичките технологии во здравството, образованието, администрацијата, мобилни апликации и е-трговија, менаџментот на човечки ресурси во ИТ секторот, бизнис модел – канвас, комуникација итн.
Успешно завршените активности придонесоа кон целта на проектот и преку едукацијата на 50 учесници помогнаа во унапредување на територијалниот развој, соработката и поддршката на конкурентноста на балканско – медитеранската област и промовирање на модел за претприемничко учење и трансфер на знаење.