Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Е3 (Ефикасен, еколошки, економичен) велосипедот како идеја својот зачетокот го добива на овогодинешната едукативна работилница "Hi – Tech Enterpreuneurship" која се одржи од 19 21.02.2019 година во Патрас, Грција, во рамките на Проектот "i3". Проектот "i3 – Образование за идеи, пронајдоци и иновации за претприемништво" е финансиран од Програмата за транснационална соработка "Balkan – Mediterranean" 2014 – 2020.

"Hi – Tech Enterpreuneurship" обезбеди активно учество и воспоставување на односите меѓу бизнисот, образованието и финансирањето со цел да се балансираат понудата и побарувачката за соодветна претприемачка иницијатива.

На работилницата зедоа учество 50 учесници од 5 држави на балканско медитеранската област. Учеството на преставниците од Македонија го организираше Центарот за управуавње со знење. Меѓу учесниците присуствуваше, Викторија Бежовска, магистрант на Технолошко – металушкиот факултет во Скопје. Тимот со кој таа работеше ја формира идејата која беше оценета како најиновативна идеја на настанот.  

Подетално за принципот на работа на Е3 велосипедот ни објасни Викторија.

Е3 велосипедот се одвојува од вообичаените електрични велосипеди по голем број на причини. Е3 велосипедот користи генератор со кој генерира енергија за дополнување на мобилната батерија, додека велосипедистот ужива во возењето. Главната цел на овој производ е преку две засебни екстензии да го подобри животот на луѓето.

Првата и главна екстензија која ја има овој велосипед е филтерот за пречистување на воздух. Филтерот е вграден на предниот дел од велосипедот и на самиот волан. Е3 филтерот го задржува вашиот личен простор чист од честички, вклучувајќи ги алергените, бактериите и индустриското загадување (PM2.5). Е3 филтерот вклучува, систем со висок проток на воздух кој го одржува уредот мал, овозможувајќи му да исчисти голем волумен на воздух без да биде премногу бучен, воедно допринесувајки во целокупното пречистување на воздухот.

Втората и непомалку важна екстензија на велосипедот е вградената правосмукалка на задниот дел. Оваа екстензија служи за одстранување на цврстиот отпад кој се наоѓа на патеките по кои се движи велосипедот. Оваа екстензија има комплексен механизам. Е3 правосмукалката ја користи дел од енергијата на батеријата за својата работа. Не е вклучена постојано. Е3 правосмукалката работи на сигнали кои ги добива од сензор кој се наоѓа на средниот дел од задното тркало и детектира отпад на патеката по која минува велосипетот.

За сите заинтересираи за развивање на оваа идеа и нејзино спроведување во реалност, Викторија ви стои на располагање на email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и LinkedIn: https://www.linkedin.com/in/viktorija-bezhovska-067b9b10a/.