Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Од 13-ти до 15 октомври И-лаб.мк, како дел од Knowledge Center, успешно го организираше првиот Innovation BootCamp во Скопје, Македонија.

Knowledge Center го организираше овој настан во рамките на проектот Aim@Innovations со поддршка од Централната Европска Иницијатива (CEI) и Австриската Агенција за Развој преку повикот на КЕП Австрија 2014. Претставници од 25 мали и средни претпријатија земаа учество на овој настан.

Обучувачите на настанот г-ѓа Андријана Богдановска од Knowledge Center, Македонија, г-дин Волфганг Шабераитер од Brain+, Австрија и г-дин Чагри Булут од Јашар Универзитет, Турција пренесоа тридневно динамично искуство кое беше надополнето со искуства од две Македонски иновативни компании како и со презентации од експертот за интелектуална сопственост г-ѓа Мирјана Станковиќ и претставникот од ЕБРД г-ѓа Даница Пишева.

Настанот беше од интерактивна природа каде учесниците имаа можност да го споеделат своето искуство во поглед на бизнис климата во Македонија, како и нивните потреби и планови кога станува збор за воведување на нови производи или услуги на пазарот.

Проектот Aim@Innovations завршува на 15 Ноември 2015 година, а Innovation BootCamp е првиот од серијата настани кои се во фаза на подготовка до крајот на годината во рамки на I-lab.mk.