Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

ТАА МОЖЕ е проект поддржан од Центарот за Развој на Југозападниот Плански Регион, а во соработка со Knowledge Center. „ТАА МОЖЕ“ има за цел да ги поддржи и охрабри жените со иновативни идеи за отпочнување на сопствен бизнис како и невработените жени од Југозападниот регион. 

Како дел од овој проект, со цел да се поттикнат и развијат идеите на жените, Knowledge Center во соработка со Центарот за Развој на Југозападниот Плански Регион организираше три сета на петдневни обуки во три микро региони, Струга, Кичево и Дебар, за групи составени од по 20 учеснички.

На обуките присутните имаа можност да се запознаат со техниките за изградба на претприемачко однесување и вештини, бизнис алатки за планирање и подготовка на бизнис и маркетинг план, како и методи и техники за да управување со деловното работење и планирање на инвестициите и финансиите.

Завршниот настан од проектот ТАА МОЖЕ се оддржа на 17-ми февруари во Хотел Дрим, Струга, каде беа доделени сертификати за успешно завршена обука за претприемништво.